Отворена стечајна постапка за „Џумајлија“

Bez autora
Jun 05 2012

На вчера одржаното рочиште во Основниот суд во Штип судот донесе решение со кое се прифаќа барањето за стечај од страна на Агенцијата за стоковни резерви и се отвора стечајна постапка за агрокомбинатот „Џумајлија“ од Лозово, кој од пред еден месец беше во претстечај. За стечаен управник е поставена Владица Ивановска од Свети Николе, која досега ја водеше и претстечајната постапка. На вчерашното рочиште, пред да го донесе решението за стечај, судот го разгледал и извештајот на вештото лице за економско-финансиската состојба на комбинатот. Поради неизвршување на дејноста, „Џумајлија“ не била во можност да ја надмине неликвидноста, а нејзината сметка била блокирана подолго од 275 дена.

Отворена стечајна постапка за „Џумајлија“На вчера одржаното рочиште во Основниот суд во Штип судот донесе решение со кое се прифаќа барањето за стечај од страна на Агенцијата за стоковни резерви и се отвора стечајна постапка за агрокомбинатот „Џумајлија“ од Лозово, кој од пред еден месец беше во претстечај.

За стечаен управник е поставена Владица Ивановска од Свети Николе, која досега ја водеше и претстечајната постапка. На вчерашното рочиште, пред да го донесе решението за стечај, судот го разгледал и извештајот на вештото лице за економско-финансиската состојба на комбинатот. Поради неизвршување на дејноста, „Џумајлија“ не била во можност да ја надмине неликвидноста, а нејзината сметка била блокирана подолго од 275 дена.

Решението ќе биде објавено во Службен весник и доверителите ќе бидат повикани во рок од 30 дена од објавувањето да ги пријават своите побарувања - вели судијата Александар Цацков.

Во стечајната маса треба да влезат и побарувањата на вработените, кои една година се без плата. Стечајната управничка Ивановска вели дека одењето во стечај ќе влијае и врз статусот на вработените. Според законот, вработените ќе бидат одјавени во Агенцијата за вработување и по потреба ќе бидат повикувани со договор да извршуваат определени тековни работи во комбинатот.

Пред еден месец Основниот суд во Штип донесе одлука за претстечајна постапка во агрокомбинатот од Лозово, по поднесениот предлог за стечајна постапка од страна на Агенцијата за стоковни резерви. Таа лани во ноември поднесе кривична пријава против директорот и доминантен сопственик на „Џумајлија“, Зоран Даневски, кој веднаш потоа избега во Бугарија. Пријавата беше поднесена за исчезнувањето пченица и јачмен од државните резерви од силосите на комбинатот во вредност од 1,4 милион евра. Со решението за претстечајна постапка, судот донесе и привремена мерка за општа забрана за располагање со имотот на презадолжениот комбинат, па во изминатиот месец немало финансиски трансакции од неговата сметка, продажба на негов имот или присилно извршување.

Вчераутро пред управната зграда на комбинатот во Лозово се собрале стотина работници за да побараат информации каква ќе биде нивната судбина и иднината на комбинатот.

- Една година сме без плата. Пред еден месец повеќето го прифативме повикот на претстечајната управничка и работевме во лозјата и на поледелските површини. Се интересираме што ќе биде со надоместокот за тој месец, со неисплатените плати и придонеси и што ќе се случи со нас ако комбинатот отиде во стечај - рекоа работниците.

Последниве години во „Џумајлија“ работеа околу 300 работници, од кои околу две третини биле постојано вработени, а другите се ангажирале сезонски.

Нивите на втората по големина житница во земјава, светиниколската, годинава останаа празни. Официјалните податоци велат дека тоа ќе значи приближно една третина жито помалку од лани во силосите и зголемен увоз. За колку, ќе се знае за околу педесетина дена кога треба да заврши жетвата и да се сумираат резултатите. Kомбинат беше заокружена производствена целина и имаше добри перспективи, со поледелство, лозарство, сточарство, мелница, пекарница, винарска визба и со други преработувачки капацитети.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik